Дома Фудбал Господски потег на Роналдо: Познато што му вети на капитенот на Унгарија пред соблекувалната (Видео)

Господски потег на Роналдо: Познато што му вети на капитенот на Унгарија пред соблекувалната (Видео)

На теренот водеа жестока битка, но надвор од него – почит и емоции доминираа! По возбудливиот натпревар меѓу Унгарија и Португалија (2:3) во квалификациите за Светското првенство, Доминик Собослаи откри дека Кристијано Роналдо – неговиот идол од детството – му ветил дека ќе му го даде својот дрес.

Португалија славеше со 3:2 во Будимпешта, а токму Роналдо и Бернардо Силва беа меѓу стрелците за гостите, додека победата во финишот ја донесе Жоао Кансело. Унгарците кратко израмнија преку Барнабас Варга, но не успеаја да издржат до крај.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, вниманието по натпреварот не го привлече само резултатот, туку и емоционалната размена на дресови – или поточно, обид за размена. Собослаи му го даде својот дрес на Роналдо, но дозна дека Португалецот својот веќе го подарил на некој друг. Сепак, Кристијано му вети дека ќе му го даде дресот по реваншот во Лисабон следниот месец.

Интернетот овие денови „експлодираше“ кога се појави фотографија од малиот Доминик од 2009 година, кога како осумгодишен маскота стоеше покрај Роналдо, тогаш во дресот на Португалија. Денес, 16 години подоцна, тие двајца беа капитени на своите репрезентации, рамо до рамо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се зогуваја, па го вратија:Фабијански повторно во Вест Хем

Полскиот фудбалски голман Лукаш Фабијански потпиша договор со Вест Хем до крајот на сезона…