Дома Останати Кошарка Господски потег на Мајкл Џордан: На келнери во Грција им оставил неверојатен бакшиш

Господски потег на Мајкл Џордан: На келнери во Грција им оставил неверојатен бакшиш

Најголемата кошаркарска легенда на сите времиња, Мајкл Џордан, минатите недели беше на европска турнеја, при што посети неколку дражави, вклучително и Хрватска и Црна Гора, а своето патување го заврши во Грција.

Во Грција, Џордан заедно со познати НБА ѕвезди како Лука Дончиќ и Зион Вилијамсон имаше промоција на својот бренд. Во текот на посетата, ја покажал и својата дарежливост.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


На една вечера во ресторан во Атина, Џордан оставил огромен износ пари како бакшиш за сите вработени, импресиониран од вештините на готвачот кој подготви одлична вечера.

Менито главно се базираше на морски плодови и традиционални грчки вкусови. Џордан бил воодушевен, па оставил бакшиш од 10.000 евра, според Eurohoops.

За време на вечерата, Џордан одржал емотивен говор, во кој изразил голема почит кон Грција.

“Грција е земја на древни богови, каде се раѓале легендарни херои и каде концептот на големина првпат се обликувал. Во овој значаен момент за иднината на брендот Џордан, црпиме инспирација од оваа извонредна земја”, рече Џордан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Македонските млади кошаркари ја победија Швајцарија и дојдоа на чекор од четвртфинале!

По ден пауза, младинското Европско првенство (дивизија Б) што се одржува во Ереван повторн…