
Целиот фудбалски свет од вчера вечер зборува за голманот на Тотенхем, Антонин Кински.
Игор Тудор му даде шанса наместо Викарио на предизвикот против Атлетико Мадрид, но го замени по само 15 минути откако направи две сериозни грешки кога резултатот беше 3:0.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Англиските медиуми и аналитичари жестоко го критикуваат Игор Тудор за оваа одлука. До Кински прв застана Џо Харт, а потоа и Давид Де Хеа.
Утрото по натпреварот, и самиот Кински се огласи на социјалните мрежи.
„Како голман мечтаеш за вакви големи ноќи, но понекогаш фудбалот е сурова игра и се случува сè да тргне наопаку. Ја преземам одговорноста за моите грешки. Рано напуштање на играта е болно искуство и заминувањето од теренот беше еден од најболните моменти во мојата кариера. Но, свесен сум дека сето ова е дел од фудбалот. Паднеш, но пронајдеш сила да станеш повторно. Благодарен сум на моите соиграчи и навивачи кои продолжија да ме поддржуваат дури и во вакви моменти. Вашата поддршка ми значи повеќе од што било. Ветувам дека ќе продолжам да работам уште понапорно и дека ќе се вратам и ќе го докажам својот квалитет“, изјави Кински.