Дома Фудбал Голема тепачка на крајот од дербито меѓу Рома и Лацио (Видео)

Голема тепачка на крајот од дербито меѓу Рома и Лацио (Видео)

Девет жолти и два црвени картони подели судијата Луца Паирето на дербито Рома – Лацио (2:0) во 19. коло од Серија А. Натпреварите меѓу најголемите ривали секогаш се полни со тензии, а често и со инциденти, а овојпат беше забележан еден од најголемите во последните години. Во судиското продолжение на римското дерби, блиску до центарот се судрија одбранбениот играч на Рома Матс Хумелс и напаѓачот на Лацио Валентин Кастељанос.

По контактот, двајцата паднаа на тревата. Потоа се кренаа и Хумелс го турна Кастељанос, на што овој одговори. Германецот потоа се фати за главата и падна на тревникот. 

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Тоа беше повод за сите играчи од двете екипи, од теренот и од клупата, да дотрчаат на местото на судирот и да започнат тепачка, турканици и огромен метеж. Судијата и неговите помошници се обидуваа да воспостават ред, но тоа беше невозможно во хаосот поради толку многу учесници.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кристенсен „надвор“ до крајот на сезоната, Барселона експресно најде најдобра можна замена

Барселона потврди дека Андреас Кристенсен претрпе незгодна повреда на коленото за време на…