
Бредли Бил (32), бек на Лос Анџелес Клиперс, нема да игра до крајот на сезоната поради скршеница на колкот, што го потврди неговиот агент за ESPN.
Првата сезона на Бил со тимот од Лос Анџелес заврши по само шест одиграни натпревари.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Бил се повреди на 8 ноември во поразот од Феникс Санси со резултат 114:103, а поради повредата го пропушти следниот натпревар против Атланта Хокс.
Клубот првично го опиша проблемот како болки во колкот, но подеталните испитувања открија дека ситуацијата е многу посериозна. Тренерот на Клиперс, Ти Лу, изрази загриженост за повредата на Бил, што на крајот се покажа како оправдано.