
Роберт Левандовски е со повредено левиот бутен мускул и неговото учество на почетокот од сезоната е под знак прашалник, објави Барселона на својата официјална веб-страница. “Левандовски страда од болки во мускулот на левиот бутен мускул”, соопшти Барса, без да се прецизира колку долго полскиот напаѓач ќе отсуствува од терените.
Овој 36-годишен напаѓач нема да игра на пријателскиот натпревар во недела против Комо и неизвесен е за првиот натпревар од Ла Лига. Шпанскиот шампионат започнува за Барселона против Мајорка на 16 август.
Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ
Левандовски минатата сезона беше втор најдобар стрелец во шпанската лига со постигнати 27 голови во 34 натпревари. Пред него беше само Килијан Мбапе (Реал Мадрид, 31 гол), додека на третото место се најде Анте Будимир (Осасуна, 21 гол).
Вкупно, полскиот напаѓач минатата сезона настапи во 52 натпревари за Барселона и постигна 42 гола. Во каталонскиот клуб има ефект од 101 гол и 20 асистенции во 147 дуели. Во Барселона дојде во 2022 година по осум успешни години во Баерн. Со германскиот гигант беше осумкратен шампион на Бундеслигата и освојувач на Лигата на шампионите, постигнувајќи 344 гола во 375 натпревари.