
Барселона потврди дека Марк-Андре тер Штеген е вратен на местото капитен на тимот откако е решен спорот околу неговите медицински наоди по операцијата на грбот. Германскиот репрезентативец на почетокот одби да потпише формулар со кој дава одобрување на Ла Лига, поради што му беше привремено одземена капитенската трака и покрената дисциплинска постапка. Сега е постигнат договор, а голманот се врати во својата водечка улога.
На Тер Штеген му беше привремено одземена капитенската трака поради тоа што одби да потпише одобрување за пристап до медицинските наоди за Ла Лига по неодамнешната операција. Несогласувањето прерасна во дисциплински случај, дополнително нарушувајќи ги односите меѓу голманот и Барселона.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Откако се согласи да соработува и да го потпише потребниот формулар, спорот е официјално затворен, соопшти каталонскиот клуб. Ако овој спор не беше решен, Тер Штеген веројатно ќе беше исфрлен од тимот и продаден.
Фото: Принтскрин