Дома Моторспорт Голем јубилеј за Иџе: Ќе ја вози 200. трка во кариерата!

Голем јубилеј за Иџе: Ќе ја вози 200. трка во кариерата!

Игор Стефановски – Иџе, најтрофејниот македонски автомобилист, овој викенд во Хрватска ќе одбележи голем јубилеј – 200-та трка во својата кариера.

На патеката во Бузет ќе се вози последната трка од ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (EHC) за 2025 година, каде Иџе ќе настапи со својот Ферари 488 B8, автомобил специјално подготвен за овие патеки. На оваа трка се пријавени дури 241 возач, а Стефановски ќе настапи со бројот 32.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


„Со силна возбуда, сакам да најавам дека очекувам добра трка. Посакувам да постигнеме одличен резултат и во овој шампионат. Благодарност до мојот неверојатен тим, тимот на Ферари, до моите спонзори и до сите Вас кои ни давате безрезервна поддршка. Оваа трка е посебна, затоа што со неа одбележувам 200 настапи во кариерата – предизвик кој ме мотивира уште повеќе,“ изјави Стефановски.

Годинава, во генералниот пласман од првата група на шампионатот, Иџе се наоѓа на втората позиција, а само за потсетување, тој веќе е носител на европската титула во ова натпреварување, во група 1.

Иџе ја започна својата кариера во 2001 година на патеките во Скопје, а повеќе од две децении подоцна зад себе има богато искуство, титули и победи што го вбројуваат меѓу најдобрите европски возачи на ридски патеки. Во изминатите 199 трки има 83 победи и 122 подиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Верстапен доби неочекувана покана да се приклучи на нов тим во Ф1

Габриел Бортолето призна дека со задоволство би делел гаража со Макс Верстапен, но само по…