Откако синоќа Барселона ја декласираше екипата на Валенсија со високи 7:1, Ханси Флик одржа прес-конференција и откри интересен разговор со Гави, кој се одвиваше за време на натпреварот.
Барселона во рамките на 21. коло на Ла Лига ја совлада Валенсија со дури 7:1, а пред новинарите дојде видно задоволниот Ханси Флик по натпреварот.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Германскиот стручњак и неговата екипа се вратија во борбата за титулата, а тој не го криеше воодушевувањето како што играа неговите избраници синоќа.
„Ова беше перфектен натпревар, играчите кои иначе не играат одиграа перфектно. Покажаа свежина и одработија одлична работа“, рече Флик.
Честа тема во последно време меѓу поддржувачите на Барса е и ситуацијата со голманите, односно кој повеќе заслужува да брани, Војчех Шчесни или Инаки Пења.
„Секогаш споредуваме што носи Шчесни на екипата, а што Пења. Нема дебата – двајцата се добри. Но, се водиме по чувства, бидејќи мораме да донесеме одлука. Мислам дека тој заслужи да игра (Шчесни)“, прокоментира Ханси.
Интересна анегдота со талентираниот Гави беше раскажана, која се случи во последната четвртина од натпреварот, кога веќе сè беше решено.
„Зборував со Гави да влезе последните 15 минути во игра. Тој рече не, внеси го Пабло Торре. Тоа беше одлично од негова страна, го сакам Гави“, рече германскиот стручњак.
🔝 Голем гест на Гави за Пабло Торре
— Карлос Монфорт (@monfortcarlos) 26 јануари 2025
🪄 Флик: „Тоа што ме импресионираше најмногу беше кога зборував со Гави да влезе и тој ми рече ‘не, внеси го Пабло Торре’. Го обожавам Гави, тој е врв“ pic.twitter.com/LWxRLcIYD2
Резултатот на семафорот во тој момент веќе беше 7:1, а на младото Пабло Торре сигурно му значеа минутите во Ла Лига, бидејќи инаку не е стандардна првотимец.
Ваков потег на Гави собра симпатии од навивачите на каталонскиот клуб, а очигледно и симпатии од шефот на стручниот штаб – Ханси Флик.