Дома Останати Тенис Ѓоковиќ со неговиот потег ги воодушеви „Делии“ – во вакво издание досега не сме го виделе (Видео)

Ѓоковиќ со неговиот потег ги воодушеви „Делии“ – во вакво издание досега не сме го виделе (Видео)

Кошаркарите на Црвена звезда остварија голема победа во 11-тото коло на Евролигата, ги совладаа Монако со 91:79, но она што ја подигна атмосферата во „Арената“ не беше само играта на теренот. Вистинското шоу се случи на трибините, каде повторно се појави најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, кој уште еднаш покажа колку срце има за црвено-белите. Неговото присуство предизвика воодушевување кај навивачите.

Камерите го забележаа Новак во вистински навивачки елемент – ја пееше песната „Вистински Делија е верен како куче“, страсно реагираше на секое промашување од линијата за слободни фрлања, а во еден момент дури ја соблече и маицата, што предизвика ерупција на воодушевување околу него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Алкарас: Не сум ниту блиску до Ѓоковиќ, Надал и Федерер

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз вели дека ќе мора да направи уште многу за да биде рамо д…