Дома Останати Тенис Ѓоковиќ по поразот од Синер: Не е лесно кога ќе ве растурат на ваков начин

Ѓоковиќ по поразот од Синер: Не е лесно кога ќе ве растурат на ваков начин

Новак Ѓоковиќ доживеа нов пораз од Јаник Синер. По завршувањето на мечот призна дека не се прашуваше многу и му честиташе на противникот за одличната игра.

Синер беше едноставно пресилен. Ѓоковиќ првите можности за брејк ги имаше дури кога практично беше пред нокаут, во шестиот гем од вториот сет при резултат 4:1 за Синер со двоен брејк. Сепак, не успеа да ги искористи и Италијанецот на крајот рутински го доби овој меч, што го призна и самиот Новак.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


– Не беше ова долг меч, што е негова, а не моја заслуга. Беше премногу добар, го удираше топчето силно од сите агли и му посакувам се најдобро во финалето – рече Ѓоковиќ.

Против Синер загуби шест натпревари по ред. Неодамна на УС Опен загуби од Карлос Алкарас и реалноста е дека Синер и Алкарас се прашуваат за трофеите. Ѓоковиќ беше прашан дали сè уште вреди целиот труд, кога е очигледно дека двајцата млади лавови се во сериозна предност.

– Секогаш вреди. Тука е страста за тенисот и тренингот. Извинете за јазикот, но тоа е така кога некој ќе ве растури на ваков начин. Сепак, добро е чувството што уште сум во топ 10, топ 5. Ова е неверојатно патување. Би сакал да имам малку помладо тело, барем уште една година за подобро да им се спротивставам. Но, сè уште ќе се трудам да ги предизвикам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Најбогатата тенисерка во светот првпат во кариерата ќе игра полуфинале на Австралија опен

Џесика Пегула (31) се квалификуваше за своето прво полуфинале на Австралија Опен, победува…