
Новак Ѓоковиќ беше поразен од Матео Арналди во второто коло на мастерсот во Мадрид со 2:0 во сетови (6:3; 6:4).
“Матео е многу добар, квалитетен играч. Знаев дека ме чека тежок натпревар,” истакна Ѓоковиќ на прес-конференцијата и веднаш се обиде да остане позитивен по поразот:
Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓
“Бев поразочаран во Монте Карло или на некој друг турнир. А тоа е добро. Секако, она што не ми се допадна беше нивото на кое играв тенис. Очекував да одиграм барем уште еден меч повеќе од Монако. Ова за мене е нова реалност – дека кога доаѓам на турнир, размислувам како би било добро да добијам еден или два меча, наместо да, како што правев повеќе од 20 години, размислувам за пласман во финале. За мене ова е сериозен ментален предизвик со кој морам да се справам,” рече тенисерот од Србија.
Полека изгледа дека Ѓоковиќ прифаќа дека врвниот тенис доаѓа до крај, но ќе се обиде да ги искористи максималните од своето импресивно искуство.
“Претпоставувам дека е така – тоа е кругот на животот и кариерата. Знаевме дека ќе дојде ова. Се обидувам да го користам тоа како движечка сила. Секако, точно е дека за мене Грен слем турнирите сега се најважни, но тоа не значи дека не сакам да освојам и некој друг турнир. Не знам дали ќе можам да играм на највисоко ниво на Ролан Гарос, но сигурно ќе дадам сè од себе,” искрено изјави освојувачот на 24 Грен слем титули.
Новинарите имаа уште многу прашања, а помеѓу другото, се разговараше за чувството на Новак кога не може да победи.
“Во овие 20 години, она што ми се случува во последните 12 месеци никогаш пред тоа не сум го искусил. Но, сето тоа е дел од спортот. Го прифаќам онакви какви се околностите и се трудам да извлечам најдоброто од нив. Морам да се соочам со тоа. Секогаш настојувам да бидам оптимист, иако многу нешта се променија – моите удари, моето тело, моето движење. И покрај сè, и понатаму чувствувам нервоза, стрес и возбудување кога ќе излезам на теренот. Сè уште уживам во натпреварувањето,” вели Ѓоковиќ и заклучува:
“Ова би можел да биде мојот последен турнир во Мадрид. Не сум сигурен дали ќе се вратам некаде во иднината. Секако, ќе се вратам, но можеби не како играч. Се надевам дека не е така, но можно е,”