
Новак Ѓоковиќ во недела ќе се соочи со Карлос Алкараз во финалето на Австралија Опен, а српскиот ас, по величествената победа против Јаник Синер (3:2), е насочен само кон што подобар одмор и подготовка за Шпанецот и последната битка во Мелбурн оваа сезона.
Што е сигурно, тој нема да тренира на денот меѓу полуфиналето и финалето.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
– Ќе има многу опоравување, утре нема да има тренинг, сигурно. Можеби активен одмор во теретана и тоа е тоа. Има многу работи, не сакам да откривам за јавноста што сè правиме, но имаме протокол кој ќе го следиме, па што ќе биде – наведе Ѓоковиќ.
Ова ќе му биде борба за 25. Гренд слем и изгледа дека, и покрај некои моменти поради подолгите релија, е доста подготвен.