Дома Фудбал Ѓоковиќ мисли и на бизнис: Инвестираше пет милиони евра во здрави грицки!

Ѓоковиќ мисли и на бизнис: Инвестираше пет милиони евра во здрави грицки!

Додека многу спортски ѕвезди се насочуваат кон ресторани или модни линии, Новак Ѓоковиќ, најуспешниот тенисер во историјата, избра сосема неочекувана, но крајно профитабилна индустрија: здрави закуски.

Овој викенд, српскиот шампион официјално го претстави Cob, иновативен бренд на пуканки кои не се прават од традиционалниот пченкарен зрн, туку од зрна на соргум, древна житарка богата со хранливи вредности.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Но, ова не е само уште еден проект со неговото име. Ѓоковиќ е коосновач на брендот и води инвестициона рунда вредна пет милиони долари, што покажува колку е сериозен во новото претпријатие, пренесува списанието Hello!

Американскиот пазар за пуканки бележи значителен раст, со зголемување од 31% во последните пет години и вредност од 3,5 милијарди долари, а до 2029 година се очекува да достигне преку 3,84 милијарди.

Причината? Потрошувачите се повеќе бараат поздрави алтернативи на традиционалните закуски, а пуканките совршено се вклопуваат во овој тренд.

“Сакав да се приклучам на брендот како коосновач и да раководам со инвестиционата рунда за да им обезбедам доверба на другите инвеститори во нашата визија”, изјави Ѓоковиќ.

Наспроти обичните пуканки, Cob се создадени од соргум, житарка богата со влакна, железо и растителни протеини.

Идејата ја иницираше Џесика Давидоф, претприемачка која бараше решение за својот син кој е алергичен на пченка.

“Не бев свесна колку е пченката присутна во американската исхрана. Соргумот нуди нова опција за оние кои сакаат да уживаат во пуканки, но со поголема хранлива вредност”, истакна Давидоф.

Новак директно учествува во изборот на состојките, развојот и формулацијата на производот, проширување на линијата закуски и идните бренд соработки.

“Претпочитам едноставни, домашни оброци, но често патувам. Во Cob создаваме храна со истите состојки кои би ги користел и сам во кујната”, објасни Ѓоковиќ.

Пуканките нудат 40% бруто профитна маржа и стимулираат континуирани купувања, што ги прави поатрактивни од, на пример, модни или луксузни линии, па не е чудно што Ѓоковиќ реши да вложи во овој проект.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аргентина се откажа од Алварес и уште двајца репрезентативци поради проблем со вакцини

Националниот тим на Аргентина изненадувачки се откажа од тројца играчи за претстојниот при…