
Одржана беше ждрепката за Завршниот мастерс во Торино, а Новак Ѓоковиќ е сместен во групата „Џими Конорс“.
Најдобриот српски тенисер ќе биде во група заедно со Карлос Алкараз, Тејлор Фриц и Алекс де Минор.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Доколку одлучи да учествува, српскиот ас го очекува исклучително тежок предизвик – дуел со Алкараз, младиот Шпанец кој неколкупати изјави дека Новак му е најголема инспирација, но и пречка на патот кон врвот.
Ѓоковиќ сè уште не го потврдил учеството во Торино, порача дека ќе ја донесе одлуката по турнирот во Атина, каде што овој четврток игра четвртфинале со Нун Боргеш.
Во друга група, названа по легендарниот Бјорн Борг, сили ќе одмерат Јаник Синер, Александар Зверев, Бен Шелтон и веројатно Феликс Оже-Алијасим.
Ако Лоренцо Музети го освои турнирот во Атина, тој ќе го заземе последното место во таа група наместо Канаѓанецот.