
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ зборуваше за допинг скандалот на Јаник Синер порано оваа година.
Италијанецот беше суспендиран на три месеци откако беше позитивен на забранетата супстанца клостебол.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Тој допинг случај е облак кој ќе го следи, како што облакот околу ковидот ме следеше мене, до крајот на неговата кариера во тој случај. Кога тоа се случува… Ќе избледе со време, но не мислам дека ќе исчезне никогаш. Секогаш ќе има одредени групи на луѓе кои ќе го истакнуваат тоа”, рече Ѓоковиќ во воведниот збор.
Долго го познава Синер.
„Видете, го познавам Јаник откако беше околу 13-14 години. Првиот тренер кој работеше со него во тие клучни години беше и мој, Рикардо Пјати. Доста тренирав во академијата на Пјати во Италија и вежбав со Синер додека уште беше млад. Беше како мене – слаб, висок, растеше на скии, на планините… Значи, многу слична приказна на мојата”, додаде Ѓоковиќ.
Иако уште еднаш нагласи дека верува во невиноста на Синер, додава дека тоа не го ослободува од одговорност, и дека не е соодветно казнет.
„Сакам да верувам дека не го направи тоа намерно, но се разбира дека е одговорен. Тоа се правилата, одговорен си кога се случува вакво нешто. Кога гледаш некого за нешто многу слично или исто, тие се казнети со години, а тој на околу три месеци, тоа едноставно не е во ред. Очигледно е дека не му е лесно и имам чувство на емпатија и сочувство кон него и мислам дека ги преброди медиумските бранови кои се враќаат сега и тогаш. Тој ги поднесува многу добро, зрело и трпеливо. Секоја чест за тоа. Дефинитивно не е лесно. Среде сè тој доминира. Игра неверојатно и освојува трофеи”, заклучи Ѓоковиќ.