Дома Фудбал Ѓокерес пристигнува во Арсенал: Ќе го носи легендарниот број на дрес

Ѓокерес пристигнува во Арсенал: Ќе го носи легендарниот број на дрес

Виктор Ѓокерес пристигнува во Лондон, каде што денеска ќе ги заврши медицинските прегледи и ќе стане новиот напаѓач на Арсенал.

Топџиите ќе издвојат 73,5 милиони евра за шведскиот репрезентативец од Спортинг, со што конечно ќе го обезбедат решението за позицијата на централниот напаѓач.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Иако Ѓокерес би сакал да го носи бројот 9, тој број останува кај Жесус, па затоа ќе го добие легендарниот број 14, што порано го носеше Тиери Анри.

Ова му носи дополнителен притисок, особено поради историјата на тој број, и останува да видиме дали Ѓокерес ќе успее да ја испише својата приказна на “Емирати”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Слот денес зададе последен удар за две ѕвезди на Ливерпул

Ливерпул денес загуби во пријателски натпревар од Милан (4:2), а изборот на играчи на Арне…