Дома Фудбал Го сакаат Реал Мадрид и Барселона, но тој сака во Англија

Го сакаат Реал Мадрид и Барселона, но тој сака во Англија

Само три месеци по неговото пристигнување во Леванте, иднината на Карл Ета Ејонг веќе преминува од гласини кон конкретни дејства. Според изданието GiveMeSport, кое неодамна направило интервју со играчот, ЦСКА Москва испратиле официјална понуда во вредност од 30 милиони евра за камерунскиот напаѓач. Сепак, понудата била одбиена.

Цитираниот медиум тврди дека самиот Ета Ејонг нема интерес да игра во Русија, а неговиот сон е да ја продолжи кариерата во Шпанија или Англија. „Верувам дека ги поседувам потребните квалитети за да успеам во Премиер лигата и дека мојот стил добро се вклопува во англискиот фудбал. Би било сон да играм за Челси“, вели тој во интервјуто.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Сепак, треба да се напомене дека согласно правилата на ФИФА, 22-годишниот напаѓач нема право да го промени клубот до следното лето. Причината е што оваа сезона веќе одигра за два различни клуба, откако се пресели од Виљареал во Леванте на 1 септември.

Ејонг признава дека е поласкан од гласините кои го поврзуваат со Реал Мадрид и Барселона. „Тоа многу значи, бидејќи покажува дека моите напори даваат резултати. Но, сега треба да продолжам напред со Леванте и ќе видиме што ќе се случи во иднина“, истакнува тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Девојка фати фудбалер со друга и објави снимка. Дали го бркаат од репрезентацијата?

Камерунската фудбалска ѕвезда Николас Маоуми Нгамалеу се наоѓа во центарот на скандал. Нап…