Дома Фудбал Ги осудија навивачите кои обесија кукла со ликот на Винисиус

Ги осудија навивачите кои обесија кукла со ликот на Винисиус

Четворица навивачи на Атлетико Мадрид се осудени на вкупно 64 месеци условна затворска казна за злосторства од омраза против напаѓачот на Реал Мадрид и на бразилската репрезентација, Винисиус.

Инцидентот се случи во јануари 2023 година кога четворицата навивачи на Атлетико закачија црна кукла облечена во дресот на Винисиус на еден од градските мостови, со натпис „Мадрид го мрази Реал“ пред натпреварот меѓу Атлетико и Реал во Купот на Шпанија.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Првиот обвинет е осуден на вкупно 22 месеци, од кои 15 месеци за злосторства од омраза и дополнителни седум месеци за закани и споделување фотографии од стореното кривично дело преку интернет, додека преостанатите тројца се осудени на по седум месеци за злосторства од омраза и по седум месеци за закани.

Сите четворица осудени потпишаа писмо со извинување упатено до Винисиус, Реал, Ла Лига и Шпанската.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Како Меси ги убедуваше засилувањата за Барселона: Среде игра му пристапи и праша кога доаѓа

Поранешниот играч од средниот ред на Барселона, Паулињо, сподели како започнал да сонува з…