Дома Фудбал Газдите на Сити со засилувања од 300 милиони евра ќе му ја враќаат насмевката на Гвардиола

Газдите на Сити со засилувања од 300 милиони евра ќе му ја враќаат насмевката на Гвардиола

Манчестер Сити и следното лето ќе одвои огромни средства за засилувања. Пеп Гвардиола има големи планови за новата сезона и сака да го измие горчливиот вкус на оваа сезона.

Познатиот тренер има на мета две големи имиња како засилувања. Тоа се Флоријан Вирц и Родриго.


Предизвик за нутриционист: Која храна е поздрава!? ↓↓↓


Се вели дека Флоријан Вирц е многу блиску до прифаќање на понудата од „Етихад“. Ќе го искористи тоа што Реал Мадрид не му е приоритет и речиси е сигурно дека ова момче ќе го облече дресот на „Граѓаните“.

Во Сити се подготвени да платат до 130 милиони евра за Вирц, но и како дел од договорот да го пратат Џејмс МкАти во Баер Леверкузен.

Преговорите сè уште траат, но се верува дека се е многу блиску до реализација и Германецот ќе го пренесе својот талент на терените во англиската Премиер лига.

Другата ѕвезда која Гвардиола ја посакува е фудбалерот на Реал Мадрид, Родриго.

Шпанските медиуми пишуваат дека на маса е огромна сума и дека Сити не штеди за да го доведе човекот кој е сон на Гвардиола одамна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешниот фудбалер на Арсенал на суд поради татко му: Го оставиле кога бил бебе, сега му бараат пари

Поранешниот напаѓач на Арсенал, Лукас Перез, отворено раскажа за тешкото детство и семејни…