
Утре е на распоред големото хрватско дерби меѓу Хајдук и Динамо. На прес-конференција го најави тренерот на сплитскиот тим, Џенаро Гатузо.
Во рамките на 33. коло на ХНЛ, утре од 16:00 часот на Полјуд се среќаваат Хајдук и Динамо, и ова ќе биде еден од најважните натпревари во сезоната за битка за титулата.
Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓
Риека и Хајдук имаат по 56 бода, додека Динамо има бод помалку. Со оглед на тоа што сите три тима имаат киксови во последно време, навивачите се шегуваат дека ниту еден тим всушност не ја сака титулата.
Но, Динамо во последните четири кола запиша три победи и еден пораз, и ги искористи киксовите на Риека и Хајдук кои беа повеќе и дојде на еден бод разлика.
Хајдук не знае за победа уште од 5 април и гостувањето кај Славен Белупо, додека во последните две натпревари е поразен.
Јасно е дека големиот притисок е врз сплитскиот тим и тренерот на Хајдук, Џенаро Гатузо, кој на интересен начин го најави утрешниот меч против Модрите од Загреб.
„Никој нема да може да каже дека не ја дадов душата и себе за овој град и клуб. Изгубив години здравје работејќи тука и никој не може да каже дека сум еден од тренерите кои ништо не знаат за фудбалот.”
Фото: Принтскрин