
Барселона синоќа победи во големото градско дерби со 2:0 против Еспањол во рамките на 18. коло од шпанската Ла Лига, а јавноста во таа земја зборува за Јоан Гарсија и како голманот на Блауграна им ги затвори устите на навивачите на својот поранешен клуб. Синоќа на „РЦДЕ“ стадионот сè беше во знакот на Јоан Гарсија кој беше дочекан на жесток начин од навивачите на Еспањол од кој летото си замина токму во Барселона, а тие не му можат да му го простат тоа.
Гарсија минатата сезона беше еден од најзаслужните што Еспањол успеа да избори опстанок, но кога тој одлучи да замине во Барселона стана најомразената личност меѓу навивачите на клубот во кој стана познат.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Тој синоќа за првпат се врати на стадионот на Еспањол каде што беше пречекан со салви на свирежи и навреди од трибините, но Гарсија не дозволи тоа да го извади од такт.
Бранеше фантастично во синоќешниот натпревар и го воодушеви фудбалскиот свет со неколку неверојатни одбрани со кои ја спаси Барселона во клучните моменти.
И покрај грубите навреди кои ги добиваше од трибините за време на натпреварот, тој на тој начин успеа да покаже каков господин е и направи потег кој предизвика восхит во фудбалската јавност.
Јоан Гарсија против Еспањол pic.twitter.com/xpZOWAMJtI
— 🕊️ (@MagicalXavi) 3 јануари, 2026