Дома Фудбал Фудбалерите на ПСЖ останаа шокирани од сопругата на Макрон: Погледните ги нивните реакции (Видео)

Фудбалерите на ПСЖ останаа шокирани од сопругата на Макрон: Погледните ги нивните реакции (Видео)

На еден свечен прием во чест на фудбалерите на ПСЖ, по нивната историска победа и првото освојување на европската титула, се случи интересен момент што ја привлече вниманието на јавноста.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Додека францускиот претседател Емануел Макрон држеше говор, неговата сопруга, Брижит Макрон, стана центар на вниманието помеѓу играчите на ПСЖ.

Нивните реакции, вклучувајќи изненадени погледи и насмевки, беа снимени од камерите и брзо се проширија на социјалните мрежи.

Највпечатливи беа реакциите на Ашраф Хакими, Лукас Ернандез и Фабиo Руиз, а причината за тоа можеби е поврзана со неодамнешниот видео запис на кој се гледа како првата дама на Франција му удира шлканица на претседателот на аеродромот и фактот дека Брижит (72) е значително постара од Емануел (47).

“Вие сте шампиони, благодарение на вас, Париз е сега на пиедесталот на Европа. На теренот беа 11, но очигледно имавте и 12-ти играч покрај вас, а тоа беше цела Франција, која ве поддржа и покрај традиционалните ривалства”, изјави Макрон обраќајќи се кон фудбалерите на ПСЖ.

Да потсетиме, ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите во сабота во Минхен го порази Интер со 5:0, обезбедувајќи го првиот европски шампионски трофеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета останува во Арсенал: Потпишува нов договор по историската титула

Микел Артета ќе потпише нов, долгогодишен договор со Арсенал по историската сезона во која…