
Белгискиот фудбалер кој се прослави играјќи за Андерлехт и Стандард, Самуел Бастиен, го одигра својот последен натпревар за Фортуна Ситард во април, по што тотално исчезна.
Многумина се прашуваа каде се наоѓа и што се случува со него, а сега конечно одлучи да ја разоткрие вистината.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
“Се разбудив во кома во болница и бев во инвалидска количка”, изјави Бастиен за холандскиот Limburger.
Откри дека се започнало по еден пријателски натпревар, кога добил страшна главоболка што никако не се повлекувала. Лекарот му препишал лекови, но тие не помогнале. Веднаш отишол во болница за проверка, а по неколку дена добил повик да се врати таму што поскоро.
Шокантно откритие: Самуел Бастиен бил три дена во кома по мозочен удар. Детали прочитајте на: https://t.co/delxTsSB2O #voetbalinlimburg @proshotsnl #proshots #fortunasitta… https://t.co/dEmeXGRD8v
— VoetbalinLimburg.nl (@voetballimburg) 6 септември 2025
“Доживеав мозочен удар и можев да загинам”, додаде Бастиен.
Тој морал итно да се оперира поради крварење во мозокот, по што му останала голема лузен од околу петнаесет сантиметри. За жал, ова беше само почеток на неговиот пат, бидејќи по операцијата три дена бил во кома, а потоа уште две недели во болница пред да биде префрлен на рехабилитација.
“Многумина се прашуваа каде сум, добивав многу пораки преку Инстаграм, но избрав да ја зачувам приватноста и да се посветам на закрепнување со помош од семејството. Почнав во инвалидска количка, а потоа учев да одам со штаки. Морам да научам повторно да одам, но успеав”, обелоденува Бастиен.
Фортуна Ситард ја почитуваше неговата желба и не го објави неговото здравствено состојба, но, за среќа, Бастиен целосно оздраве и е подготвен да се врати на фудбалските терени.