Дома Фудбал Фудбалер на Тотенхем остана без речиси милион евра – некој му ги „подигнал“ од сметка!

Фудбалер на Тотенхем остана без речиси милион евра – некој му ги „подигнал“ од сметка!

Играчот од средината на Тотенхем, Ив Бисума, настрада во измама која го чинела 950.000 евра, а сè се врти околу сомнителни трансакции на неговата банкарска сметка.

Бисума (29) не успева ниту на теренот, ниту надвор од него во последниот период. По низата повреди, тој падна во немилост на тренерот на Тотенхем и почесто е на клупа, а надвор од теренот ситуацијата не е поразлична.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во Кан во текот на оваа година му беше украден часовник вреден околу 300.000 евра, а сега е вовлечен во судски процес заради сложена измама во која изгубил 950.000 евра од сопствена банкарска сметка.

Според извештаите на британските медиуми, Бисума наводно загубил 950.000 евра од својот ВИП-сметковен профил во банката Coutts. Губитокот се случил меѓу септември 2022 и јуни 2024 година.

За инцидентот се обвинети Морис Гомес, кој беше уапсен по пријавата што Бисума ја поднел. Гомес се товари за две точки за измама преку лажно претставување, и ако биде прогласен за виновен, може да се соочи со до 10 години затвор.

Судските документи, до кои пристапија британските медиуми, наведуваат дека Гомес наводно “нелегално” ги префрлил парите на Бисума без знаење и согласност на играчот на Тотенхем.

Поврзаноста на Гомес со Бисума, кој заработува околу 60.000 евра неделно во Тотенхем, не е позната, и не е јасно како Гомес успеал да пристапи до неговата сметка.

Обвинетиот, кој живее во куќа со шест спални соби вредна 1,6 милиона евра во Енфилд, треба денес да се појави пред судот за прекршоци во Хајбери Корнер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА планира промена на системот за квалификации за СП и ЕУРО

УЕФА планира промени во квалификацискиот систем за Светското првенство и Европското првенс…