Дома Фудбал Фудбалер на Атлетик Билбао доби суспензија поради лек против опаѓање на коса

Фудбалер на Атлетик Билбао доби суспензија поради лек против опаѓање на коса

Одличниот бек на Атлетик Билбао, Јерај Алварез, падна на допинг-тест, а тој тврди дека причина за тоа е лекот кој го користел против опаѓање на коса.

Триесетгодишниот Јерај, кој во 2017 година ја надмина битката со рак на тестиси и беше стандарден играч во одбраната на Атлетик заедно со Дани Вивиан, беше тестиран позитивно по првиот натпревар од полуфиналето на Лига Европа против Манчестер Јунајтед.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Јерај објасни дека е привремено суспендиран и се брани со тоа дека забранетата супстанција се нашла во неговото тело поради лекот против губење на коса кој го користел.

“Откако го победив ракот, со години користам третман против алопеција, а по анализирањето на случајот, беше утврдено дека позитивниот резултат доаѓа од ненамерна употреба на превентивен лек за опаѓање на коса, кој содржи забранета супстанција,” изјави Јерај.

Атлетик Билбао појасни дека суспензијата на Јерај е резултат на “човечка грешка”, но нагласија дека процесот сè уште е во тек и не можат да дадат детални изјави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ЈУНАЈТЕД НЕ ЖАЛИ ПАРИ: Ќе го рушат рекордот за потпис на големо засилување!

Манчестер Јунајтед се наоѓа на седмото место во Премиер лигата, со променливи игри. Послед…