Манчестер Јунајтед води на полувремето против Фулам со 1:0, а голот беше вистинско ремек-дело на Едисон Кавани. На „Олд Трафорд“ има 10.000 гледачи, кои во 15-та минута можеа да ја видат мајсторијата на Уругваецот. Имено, Кавани го лобува противничкиот голман од 40 метри и го постигна еден од најубавите голови сезонава во Премиер лигата.