Дома Фудбал Англија Одегард има големи амбиции: Сакам да ја освојам ЛШ со Арсенал

Одегард има големи амбиции: Сакам да ја освојам ЛШ со Арсенал

Мартин Одегард ова лето го напушти Реал Мадрид и во перманентен трансфер се пресели во Арсенал.

Младиот Норвежанец очигледно има големи амбиции и истакна дека сака да ја освои Лигата на шампиони со „топџиите“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Оваа изјва во моментов предизвика потсмев кај многумина на Островиот бидејќи Арсенал во моментов е далеку од европската елита.

„Сакаме да се вратиме во европскиот фудбал оваа сезона, тоа ќе биде од големо значење за самите фудбалери, клубот, но и навивачите секако. Потоа да се надеваме дека ќе освоиме трофеи, јас сакам да ја освојам ЛШ со Арсенал“, изјави Одегард.

„Овој клуб мора да биде на врвот, потребен му е европскиот фудбал. Се надевам дека за неколку години ќе ја освоиме и Премиер лигата“, додаде Норвежанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…