Во вчерашниот натпревар од Лигата на Европа, Фенербахче и Манчестер Јунајтед ремизираа 1:1. Турскиот гигант создаде повеќе прилики, но на крајот не успеа да дојде до победата. Жозе Мурињо не го дочека крајот на натпреварот на клупата и во 58. минута заработи црвен картон. Португалецот сметаше дека не го заслужил, а по натпреварот и иронично го коментираше судијата Клемен Турпан. …
