Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас денес и официјално го комплетираше трансферот во Лајпциг. Германскиот клуб го потврди доаѓањето на македонскиот „дијамант“ за кого му платија 25 милиони евра на Наполи. 24-годишниот македонски фудбалер потпиша договор до јуни 2028 година и ќе го носи дресот со бројот 6. Како што соопштија од Лајпциг, македонскиот дијамант на новиот тим на тренинзите ќе му се …
