Кристиано Роналдо е легенда на Манчестер Јунајтед, но со последната изјава ги налути фановите на „црвените ѓаволи“.
Португалецот испрати гопеми пофалби за градскиот ривал Манчестер Сити и истакна дека ужива да го гледа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Манчестер Сити беа неверојатни. Им честитам на минатата сезона. Фудбалери, тренер, сите беа супер. Конечно ја освоија Лигата на шампионите, веројатно тоа го засилужија уште пред две години. Уживам да ги гледам како играат“, истакна Роналдо.
Тој моментално настапува во Ал Наср и смета дека наскоро Саудиската лига ќе биде една од најдобрите во светот.
„Лигата напредува, ќе треба време, но чекор по чекор и тие ќе бидат на врвно ниво. Мислам дека лигата ќе биде во Топ 3 во светот. Луѓето можат да бидат горди. Лигата не е полоша од француската Лига 1. Нашата лига е поконкурентна и тоа можам да го кажам по една година помината овде. Веќе сме подобри од француската лига“, заклучи. Португалецот.