Кристијано Роналдо во својата кариера на двапати го носеше дресот на Манчестер Јунајтед, првиот мандат му беше многу поуспешен и токму тогаш прерасна во вистинска легенда на клубот од „Олд Трафорд“, па поради тоа неговата последна изјава предизвика реакции во фудбалската јавност.
Имено, Португалецот на изненадување на многумина не криеше и изјави дека ужива да го гледа големиот градски ривал на Јунајтед, Манчестер Сити. Португалецот беше полн со пофалби за тимот предводен од Пеп Гвардиола.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Манчестер Сити е неверојатен. Им честитам за минатата сезона. Фудбалерите, тренерот, сите беа одлични. Конечно успеаа да ја освојат Лигата на шампионите, а такво нешто заслужија уште пред две години. Уживам да ги гледам како играат“, изјави Роналдо.
Роналдо смета и дека Манчестер Сити има добри шанси да ја освои Лигата на шампионите и оваа сезона.
„Кои се моите фаворити? Манчестер Сити, Реал Мадрид, Баерн Минхен…“, одговори Португалецот.
🇵🇹 Cristiano Ronaldo: “Manchester City did amazing. Congratulations on their season. Players, coach. Superb…”.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 19, 2024
“Finally they win the Champions League, they probably deserved it two years ago. I enjoy seeein them playing”. pic.twitter.com/SdLfK0UECZ