Дома Фудбал Останато Гвардиола го анализираше поразот на Барселона од Реал Мадрид и даде коментар за Чави

Гвардиола го анализираше поразот на Барселона од Реал Мадрид и даде коментар за Чави

На церемонијата во Лондон вчеравечер, Пеп Гвардиола беше избран за најдобар тренер според ФИФА, а овој настан беше прилика новинарите да го интервјуираат стратегот на Барселона.

Гвардиола остави длабока трага на клупата на Барселона, па така не можеше да ги избегне прашањата поврзани за каталонскиот гигант.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новинарите ги интересираше Пеп да го анализира поразот на Барселона во Суперкупот на Шпанија.

„Реал многу брзо постигна гол, се бранеше добро и беа подобри. Тоа е што е, мојот совет е следен. Да се остане мирен, ова беше само едно финале, не се изгуби цела сезона. Треба да се даде поддршка и да се носат одлуки и заклучоци на крајот од сезоната“, изјави Пеп.

Во последно време поради променливите резултати на Барселона се појавија и информации дека Барселона може да го отпушти Чави. Гвардиола смета дека Чави треба да остане на клупата.

„Сметам дека играчите се тие кои треба да истапат во ово момент, не е до тренерот. Играчите треба да направат чекор напред, да покажат квалитет и ниво кое се бара од нив. Сезоната е многу долга“, додаде Пеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Покетино бесен: ВАР штети на имиџот на англискиот фудбал!

Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино, изјави дека употребата на ВАР технологијата го нару…