Францускиот фудбалер и член на Ал-Итихад од Саудиска Арабија, Карим Бензема потврди дека ќе го тужи францускиот министер Жерлад Дармани.
Бензема ќе го тужи Дармани кој е министер за внатрешни работи на Франција поради клевета.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тој во една свое интервју го обвини Бензема дека е поврзан со исламистичка организација, а сега стигна одговор од Бензема кој демантира и порача дека нема никаква врска со споменатата организација „Муслиманска браќа“.
Напаѓачот смета дека изјавата на Дармани е со цел за политички игри, па поради тоа и ќе поднесе тужба.
„Сметам дека сум искористен за политички игри и ќе поднесам тужба“, изјави Бензема.