Мауро Икарди викендов против Рома уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите напаѓачи во Европа и дефинитивно најдобриот фудбалер на „нероаѕурите“. Икарди минатото лето го продолжи договорот со Интер во кој има откупна клаузула од 110 милиони евра, но цените на фудбалерите ова лето пораснаа толку многу што оваа сума воопшто не е голема за напаѓач од негов калибар. …