Дома Фудбал Англија Конте веќе ги пакува куферите – позната неговата следна дестинација

Конте веќе ги пакува куферите – позната неговата следна дестинација

konte

Менаџерот на Челзи Антонио Конте веќе не крие дека го планира своето заминување од Лондон, а англиските медиуми откриваат и детали повикувајќи се на блиски избори.

Наводно Италијанецот не е задоволен и среќен во Лондон, му недостасува Италија и Серија А и само го чека момемтот за да се врати во татковината.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Извори блиски на Антонио Конте ни ја открија неговата намера да го напушти Челзи и веќе им ’намигна’ на италијанските клубови да дојдат по него“, пишива „Сандеј Тајмс“.

Весникот пренесува дека Конте сакал да си замине од „Стенфорд Бриџ“ уште ова лето, но во тој случај ќе бил приморан да плати „пенали“ од 20 милиони евра.

Англиските и италијанските медиуми тврдат дека на крајот на сезоната сигурно ќе го напушти Челзи, а како најсериозен кандидат за неговиот потпис се споменува Милан.

„Росонерите“ не се задоволни од работата на Монтела, но сигурно ќе го задржат до крајот на сезоната, а потоа ќе направат се за да го донесат Конте на кормилото на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПСЖ и Дортмунд се први полуфиналисти во ЛШ

Пари Сент Жермен и Борусија Дортмунд обезбедија полуфинале откако вечерва беа подобри од Б…