
Џуд Белингам повторно беше јунак на Реал Мадрид во победата против Барселона, а по натпреварот испрати јасна порака до Ламин Јамал, чии контроверзни изјави ги зголемија тензиите пред Ел Класико, пишува „beIN SPORTS“.
Реал Мадрид со победата од 2:1 над Барселона повторно ја презеде контролата во Ел Класико, а Џуд Белингем уште еднаш го потврди својот статус на еден од највлијателните фудбалери во светот. Англискиот играч за врска беше клучен човек со голот, асистенцијата и доминантната игра што потсетува на неговите најдобри денови. Сепак, она што се случи надвор од теренот привлече уште поголемо внимание.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Белингем, по победата, се огласи на социјалните мрежи со порака која очигледно беше упатена кон Ламин Јамал, младиот играч на Барселона кој пред дербито тврдеше дека „Реал Мадрид краде“. Англичанецот, со фотографии од натпреварот и песна од Елвис Присли, кратко напиша: „Зборовите се евтини“, што би можело да се каже „делата говорат повеќе од зборовите“.