Дома Останати Тенис Фонсека по победата во Буенос Аирес: Добив пораки од Нејмар, Роналдо и Винисиус

Фонсека по победата во Буенос Аирес: Добив пораки од Нејмар, Роналдо и Винисиус

Бразилскиот тенисер Жоао Фонсека е ѕвезда во подем, а особено популарен станал во својата татковина.

Фонсека минатиот викенд ја освои својата прва титула во кариерата, во Буенос Аирес, напредувајќи до 68. место на АТП листата.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Почестен сум од пораките кои ги добив од локалните и меѓународните идоли, затоа што знаат кој сум јас. Момци како што се Нејмар, Винисиус, Роналдо. Тие се примери, луѓе кои ги сметам за недопирливи. Да се видат тие деца кои кажуваат дека сум нивен идол е лудо. Среќен сум за сето што се случува“, рече Фонсека и додаде:

„Работите се променија во однос на минатата година. Знам дека работите се случуваат брзо во мојата кариера, но минатогодишниот Жоао никогаш не би поверувал дека сѐ ќе оди толку брзо. Секогаш сум верувал дека можам да дојдам тука каде што сум денес, но не баш толку брзо“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Тешки сцени на Вимблдон. Димитров не можеше да му ја пружи раката на Синер поради болка

Јаник Синер стана последниот четвртфиналист на машкиот дел од турнирот на Вимблдон откако …