Дома Фудбал Фонсека не чекаше долго: Пред потпис е со нов клуб!

Фонсека не чекаше долго: Пред потпис е со нов клуб!

Не чекаше долго да пронајде нова работа, Пауло Фонсека наскоро ќе стане новиот тренер на Лион.

Помалку од месец дена откако се раздели со Милан, Фонсека постигна договор со францускиот клуб.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Прво мора да постигне договор со Милан, на чиишто платен список сè уште е, но е подготвен да се откаже од понатамошните примања, за веднаш да ја преземе функцијата во Лион.

Францускиот клуб го отпушти Пјер Саж, по серија на послаби резултати и само една победа на последните пет натпревари во Лига 1.

Лион е на шесто место во Лига 1 со 30 бодови, но сè уште има можност да се бори за Лигата на шампиони, бидејќи трето-пласираниот Монако има само четири повеќе.

Немања Матиќ и неговите соиграчи во наредните денови би можеле официјално да го добијат Фонсека како нов тренер, но натпреварот со Лудогорец е рано за негово деби. Во случај Лион да го победи бугарскиот тим, ќе обезбеди директно пласирање во осминафиналето на Лига Европа.

Се очекува Фонсека да дебитира во дербито со Олимпик во Марсеј во недела од 20.45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим го коментира тимот на Јунајтед и особено истакна три имиња: Тие се пресудни

Рубен Аморим откри колку го почитува Матеус Куња, нарекувајќи го „маверик“ – играч к…