Милан во средата со многу мака на „Сан Сиро“ ја победи Црвена звезда со 2:1 во Лигата на шампионите, а италијанските медиуми пишуваат дека по натпреварот дошло до жестока вербална расправија меѓу Пауло Фонсека и некои играчи на Росонерите.
Иако Милан дојде до трите бода, нивниот тренер Пауло Фонсека не беше воопшто задоволен, и тоа им даде до знаење на играчите веднаш по завршувањето на натпреварот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Италијанските медиуми пишуваат дека дошло до жесток вербален конфликт меѓу Фонсека и некои играчи на Милан, бидејќи тој беше незадоволен од нивната посветеност на натпреварот против Звезда и јасно порача дека тоа нема да го толерира.
„Не ми е гајле како ти е името и каква ѕвезда си. Секогаш давам максимум за да го извлечам најдоброто од себе, а тоа во тимот не го прават сите“, рекол Фонсека.
Фонсека веднаш по натпреварот против Звезда повикал неколку млади играчи да тренираат со првиот тим и е подготвен да им даде шанса ако некои играчи продолжат со несериозното однесување.
„Ако треба да играат младите на Милан во првиот тим, тоа ќе се случи. Шестмина од нив денес тренираа со првиот тим за да видат дека не се шегувам и дека мислам сериозно. Не ќе толерирам таква непосветеност на никого“, кажал Фонсека