Дома Фудбал Фонсека го прекина молкот по суспензијата: Чувствувам голема неправда!

Фонсека го прекина молкот по суспензијата: Чувствувам голема неправда!

Португалскиот тренер Паоло Фонсека беше драстично казнет затоа што го нападна судијата Бено Милоа на натпреварот меѓу Лион и Брест.

Тренерот на Лион е казнет на девет месеци во кои не смее да влегува во соблекувалната на својот тим пред, за време и по натпреварот.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Португалецот одлучи да зборува за оваа тема пред дуелот во Лига Европа против ФЦСБ, откако му беше изречена казната од Лига 1.

Сакам да останам фокусиран на играта, но чувствувам голема неправда заради оваа казна и сакам да биде јасно дека никогаш не го допрев судијата ниту имав било каква намера да бидам физички агресивен. Најважно за мене е поддршката што ја чувствувам од клубот и оваа неверојатна група играчи“, рече Фонсека.

И покрај оваа казна, Фонсека рече дека сака да остане тренер на Лион кога ќе се врати во соблекувалната на својот тим во домашното првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Младата ѕвезда на Реал Мадрид може да добие затворска казна и од пет години!

Дефанзивецот на Реал, Раул Асенсио (22), е обвинет за дистрибуција на детска порнографија,…