Португалскиот тренер Паоло Фонсека беше драстично казнет затоа што го нападна судијата Бено Милоа на натпреварот меѓу Лион и Брест.
Тренерот на Лион е казнет на девет месеци во кои не смее да влегува во соблекувалната на својот тим пред, за време и по натпреварот.
Португалецот одлучи да зборува за оваа тема пред дуелот во Лига Европа против ФЦСБ, откако му беше изречена казната од Лига 1.
„Сакам да останам фокусиран на играта, но чувствувам голема неправда заради оваа казна и сакам да биде јасно дека никогаш не го допрев судијата ниту имав било каква намера да бидам физички агресивен. Најважно за мене е поддршката што ја чувствувам од клубот и оваа неверојатна група играчи“, рече Фонсека.
И покрај оваа казна, Фонсека рече дека сака да остане тренер на Лион кога ќе се врати во соблекувалната на својот тим во домашното првенство.