Дома Фудбал Фонсека го нападна судијата – му се заканува суспензија до ноември (Видео)

Фонсека го нападна судијата – му се заканува суспензија до ноември (Видео)

Тренерот на фудбалерите на Олимпик Лион, Пауло Фонсека наводно се соочува со суспензија од дури седум месеци поради напад на судијата Беноа Мило.

И покрај тоа што неговиот тим имаше предност во продолжението од натпреварот против Брест, кај Фонсека се акумулираше бес поради некои одлуки на Беноа Мило и Португалецот дозволи емоциите да го совладаат, заради што доби црвен картон на самиот крај.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Му се приближи до лице на искусниот судија, му кажал погрдни зборови и веднаш беше исклучен. Играчите и останатиот дел од стручниот штаб мораа да го спречат потенцијалниот физички конфликт.

„Тука стигнуваме и до аспектот на физичко заплашување“, се зборовите на францускиот судија.

Фонсека навистина му се извини јавно на Беноа Мило, но правилата се правила, а оние што се запишани во книгите на францускиот фудбал велат дека сите гестови што предизвикуваат страв кај оние на кои се насочени, без разлика дали се физички или вербални, можат да предизвикаат суспензија во времетраење од најмногу седум месеци.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов тренер на Тотенхем? Де Зерби како можен избор

Роберто Де Зерби (46) е идентфикуван како можен тренер за Тотенхем Хотспур, кој има силни …