
Флоријан Вирц пристигна во Англија за да ги помине медицинските прегледи во Ливерпул, откако „црвените“ постигнаа договор со Бајер (Леверкузен) за неговиот трансфер. Слетал во 16:42 часот по локално време и бил пречекан од претставници на клубот од Мерсисад.
Според различни информации, Вирц ќе ги помине медицинските прегледи во Ливерпул вечерва или утре, по што официјално ќе го потпише договорот со својот нов клуб.
Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓
Така долгоочекуваниот трансфер на германскиот репрезентативец сега е на завршна линија. По долги преговори, шампионите на Премиер лигата успеаја да се договорат со „аспирините“ за сума од 116 милиони фунти. Првично, Бајер (Леверкузен) одби три понуди од Ливерпул, инсистирајќи на 127 милиони фунти, но на крајот договорот беше финализиран, откако Германците ги намалија барањата и се согласија со англискиот клуб.
Интерес за Вирц имаше и Манчестер Сити, но изгледа дека самиот играч ја претпочита понудата на Ливерпул, додека “граѓаните” ја засилија својата средина со Рајан Шерки и Тижани Рајндерс.
Вирц ќе се приклучи на предсезонската подготовка на Ливерпул под водство на Арне Слот. Очекува се германскиот репрезентативец да ја преземе позицијата број 10 во составот на „црвените“ во следната сезона.