Дома Фудбал Флик во проблем: Дефанзивецот на Барселона се повреди против Реал, ќе пропушти девет натпревари

Флик во проблем: Дефанзивецот на Барселона се повреди против Реал, ќе пропушти девет натпревари

Барселона со победата од 5:2 против Реал Мадрид го освои шпанскиот суперкуп, но тоа го плати со повреда на сигурниот стопер. Иниго Мартинез ќе отсуствува повеќе од еден месец од претстојните активности и во тој период ќе пропушти девет натпревари.

Освен што Војчех Шчесни поради црвениот картон нема да е достапен за следниот натпревар во Купот на кралот, Ханси Флик ќе има проблеми и со составувањето на последната линија. Потврдена е повредата на задната ложа на Мартинез, поради која мораше да го напушти теренот во средината на првото полувреме од натпреварот.

Натпреварите кои ќе ги пропушти Иниго Мартинез:

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Реал Бетис (Куп на кралот, дома)
Хетафе (Ла Лига, гостување)
Бенфика (Лига на шампиони, гостување)
Валенсија (Ла Лига, дома)
Аталанта (Лига на шампиони, дома)
Алавес (Ла Лига, гостување)
Севиља (Ла Лига, дома)
Рајо Ваљекано (Ла Лига, дома)
Лас Палмас (Ла Лига, гостување)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нкунку пред трансфер во Серија А – си договори петгодишен договор

Францускиот офанзивец Кристофер Нкунку е на чекор до потпишување петгодишен договор со ита…