
Реал Сосиедад синоќа пред своите навивачи ја победи Барселона со 2:1 во натпревар од 20. коло на шпанската Ла Лига, а Каталонците по натпреварот беа многу лути поради одредени одлуки на судиите.
Барселона синоќа одигра многу добар натпревар и навистина е неверојатно дека на крајот Каталонците го напуштија Аноета поразени.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
На гостите им беа поништени дури три гола, и еден пенал и не криеја колку се незадоволни од судиските одлуки.
Сосиедад дојде до победа со головите на Ојарзабал и Гуедеш додека единствениот погодок за гостите го постигна Marcus Rashford.
Главниот судија на синоќешниот натпревар беше Jesus Gil Manzano и во Барселона сметаат дека тој со своите помошници ги оштетил силно. Особено спорен е деталот од 28. минута кога на Ламине Јамал му беше поништен гол за 0:1 по реакција од ВАР собата.
Одлуката се чекаше неколку минути и беше одлучено дека тоа не е гол поради офсајд, но многумина беа зачудени кога беше покажано дека голот на Барселона е поништен поради милиметарски офсајд.
Hansi Flick остро ги критикуваше судиите бидејќи Барселона минатата година беше силно оштетена во Сан Себастијан кога VAR поништи чист гол на Robert Lewandowski, и за германскиот тренер е неверојатно дека истите судии беа и вечерва на Аноета.
“Разочаран сум и бесен. Ова е неправедно, едноставно не е фер. Резултатот воопшто не е одраз на случувањата на теренот. Бевме убедливо подобар тим”, рече Flick и продолжи.
Секогаш кога Барселона игра против Реал Сосиедад, излегуваат со чудни одлуки за офсајд. Претходно беше Lewandowski, сега е Ламине Јамал. pic.twitter.com/9H1R3B28Me
— Е. Хари (@McHarryzon) 18 јануари, 2026