Дома Фудбал Финалето какво што ќе има оваа година во Лигата на шампионите не сме гледале 21 година!

Финалето какво што ќе има оваа година во Лигата на шампионите не сме гледале 21 година!

Фудбалерите на Пари Сен Жермен вчера се пласираа во финалето на Лигата на шампионите откако го елиминираа тимот на Арсенал со вкупен резултат од 3:1.

По минималната победа во Лондон, тимот на Луис Енрике заслужено славеше и во Париз, каде беше 2:1 за домаќините, па ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите на 31 мај во Минхен ќе игра против Интер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Првпат од 2004 година, во финалето на ЛШ нема да има претставник од англиската Премиер лига, шпанската Примера или германската Бундеслига.

Англиските, шпанските и германските тимови редовно беа меѓу фаворитите, но оваа сезона сите беа елиминирани пред завршната фаза.

Последен пат кога се случи ваква ситуација беше во сезоната 2003/04, кога финалето го играа Порто и Монако.

Фото: PSG/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул ќе излезе на пазарот – Опцијата е една

И покрај потрошените 450.000.000 евра во текот на летото, Ливерпул, изгледа, ќе мора допол…