Дома Останати Кошарка Финале на Евробаскет: Еве кога ќе се игра и каде да го гледате

Финале на Евробаскет: Еве кога ќе се игра и каде да го гледате

Германија и Турција ќе се соочат во финалето на годинешниот Евробаскет. Германците импресивно ја совладаа Финска во полуфиналето, додека Турците слично доминираа против Грција. Финалето ќе се одигра во недела во 20 часот, а директниот пренос ќе можете да го следите на Sportklub 1. На истиот канал ќе биде и натпреварот за третото место, во кој за бронзата ќе се натпреваруваат Грција и Финска. Тој натпревар започнува во 16 часот.

Со оваа победа, Германија го обезбеди своето четврто одличје од европските првенства во историјата, по сензационалното злато во 1993 година освоено на домашен терен во Минхен, среброто во 2005 и бронзата освоена пред три години повторно на домашен терен во Берлин.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Турција, пак, обезбеди своја втора европска медалја, по среброто освоено на домашен терен во 2001 година. Германија е актуелен светски првак, додека Европа ќе добие нов шампион затоа што бранителите на титулата, Шпанците, одамна отпаднаа од Евробаскетот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

По дебаклот на Евробаскетот: Пешиќ повеќе не е селектор на Србија

Легендарниот стратег реши да се повлече по дебаклот на Србија на Европското првенство и ис…