
ФИФА објави дека ќе направи забележителни измени во меѓународниот календар, кои ќе започнат да важат од 2026 година.
Наместо досегашните пет собири на репрезентациите, во иднина ќе има само четири, а два од нив ќе траат подолго од досега.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Најголемата измена се однесува на есен – претходните септемвриски и октомвриски термини ќе се спојат во еден продолжен период од 20 септември до 5 октомври, 2026 година. Во овој период репрезентациите ќе имаат можност да одиграат дури четири натпревари, што досега беше можно само лето во години без големи натпреварувања.
Од 2026 година, распоредот за репрезентации ќе биде следниот:
- март
- лето (подготовки за големо натпреварување или пријателски мечеви)
- септември/октомври (споен период – 16 дена, четири натпревари)
- ноември
Со ова ќе се намали бројот на патувања и прекини на клупските натпревари.