Дома Фудбал ФИФА објави: Еве колку пари ќе добие освојувачот на Мундијалот наредното лето!

ФИФА објави: Еве колку пари ќе добие освојувачот на Мундијалот наредното лето!

Мeѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави дека наградниот фонд за Светското првенство во 2026 година ќе изнесува 655 милиони долари (или 558 милиони евра). Ова претставува зголемување од 50% во споредба со последното Светско првенство кое се одржа во 2022 во Катар. Шампионскиот назив го брани Аргентина, која пред три години ја победи Франција во финалето, откако натпреварот заврши со пенали.

Секоја репрезентација која ќе се квалификува на Светското првенство ќе добие 1.5 милиони долари (1.28 милиони евра) за покривање на трошоците за подготовка. Тоа значи дека ФИФА ќе исплати вкупно 727 милиони долари (619 милиони евра) за учесниците на Светското првенство кое ќе се одржува во САД, Канада и Мексико.

Финансиска распределба:

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Шампион – 50 милиони долари (42.6 милиони евра)
Вицешампион- 33 милиони долари (28 милиони евра)
Третопласирани – 29 милиони долари (24 милиони евра)
Четвртопласирани – 27 милиони долари (23 милиони евра)
Од 5-то до 8-мо место – 19 милиони долари (16 милиони евра)
Од 9-то до 16-то место – 15 милиони долари (13 милиони евра)
Од 17-то до 32-ро место – 11 милиони долари (9 милиони евра)
Од 33-то до 48-мо место – 9 милиони долари (7 милиони евра)

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, подвлече дека Светското првенство во 2026 ќе биде пресвртна точка во однос на финансискиот придонес кон глобалната фудбалска заедница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ова е момчето кое има „најсилни“ понуди во светот на фудбалот: Го бараат Баерн, Барса, Ливерпул и Реал

Сјајниот дефанзивец на англискиот Кристал Палас, 25-годишниот Марк Геи, има понуди од најг…